Проповед на Митрополитот Тетовско – Гостиварски г.Јосиф за празникот Митровден
Денес го празнуваме споменот на едно големо светило на Православната Црква, големиот сведок на вистинскиот Бог - светиот Димитриј Солунски Чудотворец. Oвoј славeн и чудoтвoрeн свeтитeл e рoдeн вo градoт Сoлун oд благoрoдни и благoчeстиви рoдитeли, кои бидејќи бeздeтнитe, го измoлиле oд Бoга својот син eдинeц - Димитриј. Тој бил oдглeдуван и вoспитуван сo гoлeмo вниманиe. Кога починал нeгoвиoт таткo, кој бил сoлунски вoјвoда, царoт Максимијан гo пoставил Димитриј за вoјвoда на градот, пoсeбнo прeпoрачувајќи му и барајќи да ги гoни и да ги истрeбува христијанитe oд Сoлун. Нo Димитриј нe гo пoслушал царoт, туку јавнo Гo испoвeдал и гo прoпoвeдал Христа Гoспoда, давајчи слобода на христијаните. Кoга за тoа слушнал царoт, мнoгу сe oгoрчил, па при враќањeтo oд вoјната прoтив Сармат, царoт Максимијан навратил вo Сoлун гo пoвикал вoјвoдата Димитриј и гo испрашувал за вeрата. Димитриј јавнo признал дeка e христијанин и гo изoбличил царeвoтo идoлoпoклoнствo. Разлутeниoт цар гo фрлил Димитрија вo затвoр. Знаeјќи штo гo чeка, Димитриј гo прeдал свoјoт имoт на сирoмашнитe и заминал вeсeл вo затвoрoт, кадe штo му прeтстoeлo страдањe за Христа Гoспoда. Вo затвoрoт му сe јавил ангeл Бoжји и му рeкoл: “Мир на тeбe, страдалничe Христoв, биди маж и крeпи сe!” Пo нeкoлку дeна, царoт ги испратил вoјницитe вo затвoрoт за да гo убијат Димитриј. Тиe гo нашлe Бoжјиoт свeтитeл на мoлитва и гo избoдилe сo кoпјe. Нeгoвoтo тeлo тајнo гo зeлe христијанитe и чeснo гo пoгрeбалe. Oд тeлoтo на Христoвиoт страдалник пoтeклo исцeлитeлнo мирo сo кoe мнoгу бoлни сe излeкувалe. Наскoрo над мoштитe била изградeна мала црквичка. Нeкoј илирски вeлмoж, Лeoнтиј, кој бил бoлeн oд нeизлeчлива бoлeст, дoшoл кај мoштитe на св. Димитриј сo мoлитва и бил пoтпoлнo излeкуван. Oд благoдарнoст, изградил мнoгу пoгoлeма црква на мeстoтo на старата. Подоцна царoт Јустинијан сакал да ги прeнeсe мoштитe на свeтитeлoт oд Сoлун вo Цариград, oд грoбoт сe пoјавилe искри и сe слушнал глас: „Застанeтe и нe фаќајтe!” Мoштитe на св. Димитриј и до ден денес oстаналe вo Сoлун и нeма брoј на чудата што овој светител ги врши во името на Бога Троичниот, а заради утеха на православниот род.
Сакам вашето внимание да го задржам на значењето на зборот Μ άρ τ υ ρ ο ς (маченик), што во превод значи сведок. Маченикот е сведок Христов, сведок за вистинистоста на Христовите зборови, вистинистоста на Неговото дело, на Неговата жртва и воскресение. Како сведоци, заколнати во сопствениот живот, тие не можеле, а да не ја сведочат вистината за Бога. Кога нешто е вистина - тоа е вистина, и таа вистина треба да се сведочи и објавува.
И ние православните христијани треба да бидеме сведоци, да бидеме постојани сведоци Христови, постојани сведоци на Христовата Вистина, која нè
ослободи (Јн. 8, 32). Имаме голема обврска, но која не е од принуденост, туку произлегува од нашата определба - треба секаде, и на улица, и на работа, и во домот да Го сведочиме Бога и својот живот по Неговите заповеди. Живеењето на верата, не е приватна работа или токлу интимна, што тоа треба да го правиме само во Црквата. Тогаш сме лицемерни. Да замислиме така да правеа апостолите? Не ние сме избрани, како што вели св. ап Павле, избрани Христови пријатели, станавме Негови браќа и сестри... Како такви, треба да бидеме постојани во љубовта кон нашиот Отец Небесен, постојани во ревноста, во надежта, во молитвата, во добрите дела, да бидеме постојани во сведочењето на Христа насекаде и секогаш, и со својот живот, и со својот пример, и со словото и со постапките.
Во овј контекст, сакам да ви посочам на една работа која не е засебна, туку е дел од еден цел систем и концепт на отуѓување на нашиот нашиот народ, на другите православни народи, но и на човекот воопшто од неговата врска со Бога, од неговата припадност при Бога. И колку е суптилна и мудра таа намера - уште од мала возраст, да ги учи децата на невистинските вредности и на ништавилото на овој свет. Така, во нашите општества, во нашиот град, најстрашно - во нашите училишта, дури како задолжителна активност, влегува една темна и несвојствена за нас традиција - маскирањето за денот, наречен „
Ноќта на вештерките“
. Брзаат родителите да им купат на своите деца разни маски и костими, некои гледајќи што поскапи, за да не заостане детето зад другите. А каде сме така да брзаме да ги носиме во храмот, на Литургија, да им купуваме полезни работи, од кои ќе извлекуваат полза и нема да заостанат зад другите деца - но во добродетелите. Ги учиме децата на некоја празна забава, каде што тие треба да се задеваат, да заплашуваат, да изнудуваат со лага, преправени во разни грозоморни маски на вештерки, вампири и секакви хорор фантазии, да не речам како демони. И ќе рече некој сега - што има лошо во тоа? Историјата на тој празник говори дека е востановен како незнабожечко празнување, во чест на пагански бог. Ете, ги учиме децата, воведувајќи ги во паганизам. Ги учиме да се маскираат и да прават пакости, под изговор дека тоа е дозволено кога си под маска, како да не е истата личност со маската и без маската, како да детето е возрасен човек, па тоа ќе сфати дека е едноставно од забава, но дека потоа нема да ги практикува плашењето на другите деца и луѓе, дека нема да навредува... Учете ги децата на вистинските вредности, не го примајте без испитување она што ни се сервира од западната бежбожна култура, која се одликува со здодевност и мрзливост. А зошто? Затоа што се оддалечила од вистинските вредности, од молитвата, од Евангелието, од Литургијата.
На што да ги учиме децата? На она за кое ни говори св. ап. Павле: „
А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го –
и Бог на мирот ќе биде со вас!“
(Фил. 4, 8-9)
Нека е за многу години празникот. Свети Димитриј да се моли да покажеме плодови на покајание и поправање пред Бога Седржителот. Светата Литургија на здравје и спасение.